Македонија
22. December 2017 - 11:19

Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија

 Во изложбениот простор на Центарот за култура во Крива Паланка е поставена изложбата на годинашните дела од меѓународната Лесновска ликовна колонија.

- Во наредните десетина дена кривопаланечката јавност ќе може да ги погледне делата создадени од 26 јуни до 2 јули во амбиенталниот простор на Лесновскиот манастир од учесниците-автори од Србија, Русија и Македонија, меѓу кои и една наша сограѓанка, млад академски сликар, изјави директорката на Центарот за култура, Вања Јакимовска.

Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

Со изложбата е отворена и предновогодишната културна програма што ја организира локалната самоуправа, Центарот за култура и Градскиот музеј во Крива Паланка.

- Нашата установа во рамки на програмата насловена „Новогодишни празнувања" ќе учествува и со претставата „Дедо мраз дојде и кај нас" во изведба на членовите на Драмското студио. Наменета е за дечињата, а ќе се прикаже на 28 декември во 12:30 часот, истакна Јакимовска.