Изложба на децата со посебни потреби од двата центра во Штип
Децата со посебни потреби од Дневниот центар и од Центарот за аутизам во Штип речиси еден месец изработуваат уметнички дела со помош на ликовниот уметник Стевче Митев.
Со едноставни потези на четкичката на платното се создаваат уметнички дела кои првпат ќе бидат изложени на 9 октомври во галеријата Безистен во Штип.
Дејан Здравев, вработен во Центарот за деца со посебни потреби, изјави дека целта на проектот е да се покаже оти и децата со посебни потреби од двата центра во Штип можат да ги покажат своите емоции, а нивните слики да бидат видени и вреднувани од јавноста.
- Освен тоа што ние сакаме да се покажаме и да излеземе од маргините на дневните центри, односно од институциите, сакаме да бидеме видени и од пошироката јавност, а воедно да побудиме и позитивни чувства кај децата, дека нивните дела ќе бидат видени. И покрај тоа што долги години работиме во центарот, јас лично сум изненаден од делата коишто се раѓаат во нивните фантазии, рече Здравев.
Ликовниот уметник Стевче Митев рече дека техниката масло на платно ја избрал со цел делата на децата да останат вечни. Тој веќе може да забележи и разлика не само во нивното однесување, туку и во начинот на кој ликовно се изразуваат.
- Децата сами со четки и палети во рацете чекаат да дојдам за да работиме. Значи, самиот тој напредок кажува многу, рече Митев.
Уметничките дела на децата со посебни потреби на ликовната изложба во галеријата Безистен ќе бидат достапни за продажба, а средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети за дидактички средства за центарот.
Ново на Сител
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху
-
Во понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината
-
Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки
-
Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
-
19-годишно момче од Македонија се удави во Ханиоти
-
И нанел набиеници со крвни подливи и се заканувал дека ќе ја убие, обвинение за таткото што ја тепаше 4-годишната ќерка
-
Бела куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот
-
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време