Изложба на археолошки фотографии
Во Археолошкиот музеј на Македонија вечер ќе биде отворена трета изложба на работни археолошки фотографии со наслов „Archaeology in Progress” Vol.3, организирана од Институтот за археолошки истражувања - Скопје.
Целта на изложбата е да ја промовира археологијата и да ги претстави најдобрите фотографии изработени во изминатите неколку години на археолошките локалитети низ Република Македонија и низ Европа.
За организирање на изложбата Институтот објави конкурс на кој пристигнале околу сто фотографии. На изложбата ќе бидат претставени 30, избрани од стручно жири и со гласање на Фејсбук-страницата на Институтот за археолошки истражувања. За трите најдобри фотографии ќе бидат доделени симболични награди.
Изложбата во Археолошкиот музеј на Македонија ќе може да се посети до средината на ноември.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции