Изложба „Македонија во Првата светска војна“ во Воениот музеј во Стокхолм
Во Воениот музеј во Стокхолм утре ќе биде отворена изложба „Македонија во Првата светска војна“ која ја подготви Државниот архив на Република Македонија
На отворањето на изложбата ќе се обратат Александра Наќева Ружин, амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска, и Ева-Софи Ернстел, директор на Воениот музеј во Стокхолм.
Предавања за балканските пропаганди и последиците од нив за Македонија до 1918 година ќе имаат Филип Петровски, директор на Државниот архив на РМ, и Александар Стојчев, директор на Воениот музеј на Република Македонија.
Како што соопшти Архивот, изложбата е дел од проект на Воениот музеј во Стокхолм започнат во 2014 година по повод одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.
Во рамките на тој проект, Воениот музеј во Стокхолм досега ги претстави изложбите на Австрија, Холандија и Србија, а се во подготовка изложбите на Русија, Белорусија и Чешка. Планирано е изложбите на оваа тема да се одржуваат во текот на наредните четири години, како симболика на траењето на Војната.
Изложбата „Македонија и Првата светска војна“ во Стокхолм ќе може да се посети до февруари 2016 година.
- Целта е да се претстават политичките, културните и економските состојби во Македонија во периодот на Првата светска војна, настаните кои претходеле на тој период, како и учеството на македонскиот народ во војната. Со оваа изложба Државниот архив на Република Македонија се вклучува во одбележувањето на 100-годишнината од Првата светска војна преку презентирање на архивските документи што се чуваат во депоата на архивите во Македонија, соопшти Државниот архив.
Ново на Сител
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?