-->
-->
Изложба „Фејсбутик“ на Урош Вељковиќ
-->
Во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на Урош Вељковиќ насловена "Фејсбутик"
Носечка тема во проектот на Вељковиќ е феноменот на социјалната мрежа Фејсбук и промените коишто оваа платформа, којашто сè повеќе се претвора во медиум, ги донесе не само во комуникациските односи, туку, пред сè, во катадневието на многумина, и воведе можности на присуство и учество на голем број субјекти во еден дел од јавниот простор.
- Токму оваа ситуација е Критиката која Вељковиќ ја упатува кон лесното прифаќање, а со тоа и на поддршката на новата, дискретно наметната, можност корисникот да си го објави или создаде сопствениот идентитет и, при тоа, да го менува според сопственото расположение, состојба, намера, желба, е критика којашто темелно задира во тековната сегашност, во тековното време. Во основа, тој ја преповторува суштината на самата платформа: забавноста/забавата и безодговорноста се иронизираат со атмосферата на „бутик“: бутик [boutique] на можни лица [faceѕ], можност за избор на лице кое одговара и кое ќе прикаже нешто друго, нешто ново, нешто различно или најточно – нешто постојано друго, нешто постојано ново, нешто постојано (привидно) различно, вели организаторот.
Вељковиќ, се посочува, отвора една цела серија сериозни прашања, за менливоста и минливоста на идентитетноста, не само на платформата Фејсбук, туку и во тековната ризоматска сегашност на општественоста која веќе одамна го има напуштено системот на стабилните структури и која сè повеќе убедува во нужноста од постојаното движење и менување, неисклучувајќи ја тука и афирмативноста/афирмирањето на (заради менливоста и минливоста) нестабилните идентитети.
- Оттука, Вељковиќ упатува порака дека само времето на нестабилни идентитети може да создаде платформа за нестабилни идентитети. И при тоа, тој, преку иронијата и пародијата, со децидната и недвосмислена критика на таквото време, не само што ни остава нам да решиме дали да ја прифатиме или отфрлиме таквата состојба и манипулација, туку настојува подлабоко и покритички да го обмислиме тоа и такво време и – да го отфрлиме. Отфрлајќи го, пред нас се отвора можност за создавање на некое друго и поинакво време, време во кое нашите идентитети ќе бидат израз и исказ на нашиот сопствен, внатрешен и вистински, а не посредуван и, со тоа, лажен – Ид, се посочува за постановката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада