Македонија
11. јуни 2017 - 13:40

Излетал од пат, прилепчанец во неконтактибилна состојба пренесен во Ургентен

Прилепчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 14:30 часот се случила на магистралниот пат Велес-Штип, кај село Сарамзалино.

Од полицијата информираат дека 42-годишниот М.А. од Прилеп управувајќи моторцикл „Кавасаки“ со прилепски регистерски таблици, изгубил контрола над истиот и излетал од патот.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди (контузија на граден кош, глава и врат, и фрактура на потколеница), и по укажаната лекарска помош во болницата во Велес, во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, стои вo полицискиот билтен.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата-Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.