Излечен првиот пациент од коронавирус

Во Кина од смртоносниот коронавирус досега починаа 170 луѓе, а инфицирани се повеќе од 7.700. Одборот за вонредни ситуации во Светската здравствена организација денеска повторно ќе проценува дали новиот коронавирус сега претставува вонредна ситуација. Според информациите, излечен е првиот пациент.
Медиумите пренесуваат дека првиот излечен пациент е Јанг Ли, кој има 34 години. Тој работел во едно претпријатие во Вухан. Инфекцијата кај него била регистрирана на 9 јануари, а на лекување заминал на 21 јануари. По десет дена e отпуштен од болницата во Сечуан.
„Се восхитувам на посветеноста на медицинскиот персонал. Тие се прекрасни. Треба да веруваме дека лекувањето кое го спроведува експертскиот тим во медицинскиот центар и грижливата нега на медицинските сестри водат до брзо закрепнување. На сите пациенти им посакувам брзо закрепнување“, порача Јанг Ли.
Во градот Хуанганг е отворена првата болница за лекување болести предизвикани од коронавирусот. Уште една се гради во близина на Вухан. Како што се најавите, ќе биде готова за седум дена.
Првите пациенти ќе бидат примени на 3 февруари, а медиумите пренесуваат дека Кина гради уште четири болници, за да го спречи ширењето на болеста опасна по животот.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
