-->
-->
Изјава на родителот нападнат од платениците на СДСМ: Сакав само да го однесам детето на преглед на детска кардиологија
-->
Сакав само да го однесам детето на преглед на детска кардиологија, вели родителот кој синоќа беше фiзички нападнат од таканаречените шарени револуционери за време на протестите на опозицијата во центарот на Скопје. Тој додава дека не е ниту некој од ГДОМ, ниту пак уфрлен провокатор.
Вандалите и хулиганите кои протестираат за потребите на СДСМ синоќа нападнаа родител кој само сакаше да го пренесе болното дете на лекар во закажаниот термин. Опозициските платеници почнаа да фрлаат со пластични шишиња кон автомобилот, сакајќи да се пресметаат со таткото и жената со болното дете кои се наоѓаа во автомобилот.
Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.
-Не сум ниту некој од ГДОМ, ниту пак уфрлен провокатор, туку само родител кој што брзаше на закажаниот преглед за моето дете. Се работи за преглед од доктор специјалист за детска кардиологија кој што доаѓа од Лондон, и морав да бидам на клиника точно во 18.30, вели родителот.
Со ваквото однесување, опозициските платеници само докажуваат до каде е стигнат очајот и лудилото во платеничките редови кои по секоја цена одработуваат за интересите на Зоран Заев и СДСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток