Изјава на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по гласањето
Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев кој попладнево гласаше во избирачкото место во Струмица.
- Денеска по пат на фер, демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат за евроатланска интеграција на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини и развиена економска држава, рече премиерот Заев.
Тој додаде дека очекува денот да помине во знакот на сериозноста на самите локални избори, кои, како што рече, се од голема важност за Република Македонија.
- Пред се, се надевам на фер и демократски избори, само така сите победуваме во Македонија, а на крајот преку нашиот глас, преку процентот на излезеност, навистина даваме поддршка и за иден раст и развој на сите општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните, вечерва сите да се чувствуваат како победници, рече Заев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024