-->
-->
Изгубил контрола над возилото и директно се забил во трактор, три лица повредени
-->
На локалниот пат с. Турново - с. Иловица, вчера во 05,10 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски таблички управувано од А.Ј. (27) од с. Иловица и трактор „ИМТ 539“ управуван од С.И. (52) од с. Иловица. А.Ј. изгубил контрола над возилото и удрил во предниот дел од тракторот, кој што се движел во спротивна насока. Во незгодата возачите А.Ј. и С.И. се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката во тракторот М.И. (52) се здобила со тешки телесни повреди. Со возила на брзата помош повредените се пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на лице место и се работи на целосно расчистување на натанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен се уште нема претседател
-
Силјановска на Коференција за европските интеграции
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лога оди во опозиција
-
Коцевски: Има нелогичности во тендерот за Бехтел и Енка
-
Честите смени на директори на штета на здравствените услуги
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗС: Раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, стагнира македонската економија
-
Тема на денот со Славјанка Петровска