Македонија
14. July 2016 - 14:50

Изградени се 700 социјални станови, во моментов се градат 123, планирани се нови 500

Премиерот Емил Димитриев денеска оствари работна средба со директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, каде беше разговарано на повеќе теми во однос на реализацијата на владините проекти во делот на градба на станови, катни гаражи и други објекти.

d3

Димитриев истакна дека е задоволен од динамиката и степенот на реализација на проектите.

Во делот на градба на станови за социјално ранливи групи работите се одвиваат со предвиденото темпо а со истата динамика ќе се продолжи и во иднина.

-Во делот на градба на станови за социјално ранливи групи до сега се изградни околу 700 станови и во моментов се градат околу 123 станови во Кочани, Македонски Брод и Гостивар.  А во наредниот период многу сме блиску   до старт на градба на нови 500 станови за оваа категорија во Скопје, Виница, Свети Николе, Пехчево и во  Пробиштип, појасни Димитриев.

Становите наменети за млади брачни парови, исто така се градат со предвидената динамика. До сега такви станови се изградени во Скопје и Битола, а планирано е да започне со градба и во други градови.

d1

-Предноста која што ја нудиме преку оваа програма е тоа што каматните стапки се релативно ниски и ги гарантираме за еден подолг период , односно за 15 години. Одлично напредува и динамиката на градење на комерцијални станови и во подготовка е граба на нови станови и оа   е можност претпријатието со приливте кои што ги добива од комерцијалните станови да помага и за финансирање на другите програми, рече Димитриев.

d

Владата донесе одлука за лицата кои што од 2006 до денеска не е уеспано да им се подобри социјалното живеење, па доколку паднале нешто пониско од она што значи да се лица со ниски примања, Владата се обврзува да им ја плаќа киријата.

-Сакам да упатам јавна благодарност до Владата за поддршката во однос на изградбата на социјалните станови кои со Владата и Централната европска банка ги  градиме и за тоа што Владата има слух за овие ранливи категории а тоа е дека од целокупната градба која што ја имаме во комерцијалната градба 10% одделуваме за децата без родители, што никогаш до сега не се случило, вели Грозданов.

Најголемата помош која што стигнала од Владата, како што истакна Грозданов, се однесувала на подготовките кои се прават за најголемиот настан кој треба да се случи во Македонија, а тоа е одржувањето на фудбалскиот куп на арената Филип Втори.

По однос на други објекти, до сега АДСДП има изградено две катни гаражи со кои се обезбедија над 700 паркинг места и околу 60% е готова изградбата на третата катна гаража со што ќе се обезбедат дополнителни 200 паркинг места, а се работи и на подготовка на четврта катна гаража кои ќе биде во Охрид.