Изградба на мост во скопско Мралино
Во рамките на проектот „Изградба и санација на 10 мостови“, на влезот во населено место Мралино, на улица „1“, во општина Илинден, во тек е изградба на армирано бетонски плочест мост со должина и со широчина од осум метри. Коловозот ќе бид широк шест метри, а од двете страни на коловозот ќе бидат изградени тротоари со широчина од по еден метар.
Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 4 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Илинден.
Новиот мост, како што информираат од општина Илинден, се гради на местото на стариот и дотраен руиниран премин кој што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот.
Со изградбата на мостот покрај поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, се овозможува непречен проток на атмосферските води, со што ќе се намали можноста за настанување на поплави и ќе се обезбеди чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција