Изготвен правилник за транспортот на лекови од странство

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во координација со останатите држави, пред се, од регионот, се преземаат активности за непречен проток на камионите кои транспортираат лекови.
Одговарајќи на новинарско прашање околу набавката на лекови од странство, министерот Филипче посочи дека денеска е разговарано за протокот на камиони кои носат лекови и е изготвен правилник како треба да се движат возилата со кои се пренесуваат овие стоки.
– Министерството за надворешни работи е во целосна координација, пред се, со земјите во регионот. Денеска ќе биде изготвено и писмено решение и потврдено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и тоа ќе изгледа како една форма на мини карантин на возачите во своите кабини.
Тоа го прифаќаат и околните земји. Возачот ќе добие соодветна потврда да вози и надвор од земјата, тоа го прифаќа и другата земја, а таму се прави истовар и се става во возилото од страна на лица кои што работат во самите магацини. Знаеме дека возачот е безбеден во својата кабина. Дополнително ќе се појаснат сите тие мерки кога ќе биде изготвен докуметот, објасни Филипче, на редовната прес-конференција во Владата на која соопшти дека нема нови случаи со коронавирус, но оти се тестираат седум лица и оти се учекува утре да бидат испитани повеќе лица и до 80 со цел детално да се скенира дебарскиот регион, каде е прогласена кризна состојба.
Во врска со состојбата на лицата кои се во карантин, а присуствувале на симпозиумот што го одржувала заболената поранешна директорка на Клинката за кожни болести министерот наведе дека досега кај никој од нив не се забележани симптоми на корона вирусот.
На денешната владина седница, како што најави, ќе се разговара за нови препораки и мерки, како и за почитувањето на досегашните.
Ново на Сител
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
