Македонија
24. April 2020 - 11:08

Изгореа три трафики на „Кеј 13 Ноември“

Во СВР Скопје утрово во 4.28 часот било пријавено дека на „Кеј 13 ноември“ опожарена била трафика, најверојатно угостителски објект.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада, а полицијата се наоѓа на местото на настанот и се уште врши увид.

Не се познати се уште причините за пожарот.