-->
-->
Изгореа помошни објекти и сточна храна во пожар во Доброшане
-->
Помошни објекти и сточна храна изгореле во пожарот што се случи вчера во атарот на кумановското село Доброшане кај регионалниот пат Куманово - Свети Николе, информираа денеска од кумановската територијална противпожарна единица (ТППЕ) чии пожарникари со три противпожарни возила го гаснеле пожарот од 13:10 до 18:10 часот.
Според ТППЕ Куманово, од каде го пријавиле пожарот во СВР Куманово, целосно изгореле помошните објекти, но биле спасени 450 овци.
По наредба на кумановското Основно јавно обвинителство увидна екипа на СВР Куманово излегла на терен и според првичните податоци, во пожарот изгореле 30 тони жито, 1.200 бали овес, околу 1.000 бали сено и 900 бали слама.Објектот, сопственост на 33 годишен кумановец, бил со површина од над 400 метри квадратни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?