Македонија
7. December 2020 - 11:33

Изгореа два автомобили во близина на Порта Влае

Два автомобли изгореа утринава во близина на Порта Влае. Инцидентот се случил околу 04:30 минути.

Жителите кои утринава ги забележаа изгорените автомобили, велат дека не е прв пат во овој дел од градот да се палат возила.

Командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски вели дека интервенирале со две противпожарни возила и 5 пожарникари.

Елена Милошевска