Изгоре студиото на Дадар
Вчеравечер, половина час по полноќ, избувнал пожар во објектот каде е сместено „Мое студио Дадар“ на улицата „Аминта Трети“ во центарот на Скопје.
Според првичните информации од полицијата, засега не се познати причините поради кои избувнал пожарот, но неофицијално не се исклучува можноста истиот да бил подметнат. Оваа теза особено ја подгреваат шпекулациите кои веќе почнаа да кружат низ чаршијата, што е вообичаена пракса кога се јавни личности во прашање, а Дадар е секако еден од најдобрите и медиумски најекспонирани модни стилисти кај нас, кај кого се шминка и прави фризури половина естрада, но и многу поп ѕвезди од регионот, кога доаѓаат да настапуваат во Македонија.
Обата муабети се дека пожарот со сигурност е намерно подметнат, но причините за неговото подметнување се различни. Имено, едни тврдат дека пожарот е подметнат од емотивни причини, заради невозвратена љубов, а другите пак се повикуваат на љубомора, односно конкурентската завист во еснафот.
Дали и што од ова е точно, наскоро ќе покаже истрагата.
Противпожарните екипи го локализирале и изгаснале пожарот, од кој е направена само поголема материјална штета.
Ново на Сител
-
ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!