Изгаснат пожарот кај селото Будинарци
Околу 13:30 часот е изгаснат пожарот над селото Будинарци, кој се повторно се разгоре денеска околу пладне.
Градоначалникот на Општина Берово, Ѕвонко Пеќевски потврди дека пожарот пред да биде локализиран, стигнал до првиот пункт за вода. Како што појасни, ваквиот исход била очекуван, поради тоа што имало голем број на екипи во сузбивање на огнената стихија.
– Акцијата успешно заврши околу 13 30 часот, сите кои гаснеа дадоа свој придонес. Тука беа австриските противпожарни единици кои беа најмногу евалуирани во целата акција, покрај останатите. Целта ни беше да го спасиме селото Будинарци, бидејќи пожарот беше доста близу до селото. Моментално нема опасност од негово проширување, рече градоначалникот.
Екипите и понатаму се на терен и ќе ја надгледуваат ситуацијата во случај да не се повтори состојбата од пладне.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка