Изетбеговиќ: Иницијативата на српскиот премиер е предвремена
Бошњачкиот член на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ ја смета за предвремена и нецелосна иницијативата на српскиот премиер Александар Вучиќ за определување ден во спомен на сите жртви од војната на територијата на поранешна Југославија, јави Танјуг.
Според него, на иницијативата треба да и претходи завршување на процесот на стабилизирање и нормализирање на целокупните односи во регионот.
- Иницијативата на премиерот Вучиќ може да добие смисол, само ако подразбира вистинско соочување пред вистината за сите злосторства, прифаќање на пресудите на меѓународните судови и историските факти, утврдени во тие пресуди и недвосмислена осуда на дејствијата кои водат кон нови конфликти, рече Изетбеговиќ.
Српскиот премиер Вучиќ рече дека нема никогаш да се откаже од идејата за заеднички ден на спомен на сите жртви на војната на територијата на поранешна Југославија и верува дека регионот ќе се помири.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени