Издадени нови 3.851 потврди за барање право на азил
Во последните 24 часа се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 3.851 странски државјанин од кои 1.595 машки, 756 женски, 1.264 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 236 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 1.622, Авганистан, 1.148 и Ирак, 1.081.
Од 19 јуни до 7 декември 2015 година издадени се потврди на вкупно 317.507 странски државјани од кои 179.658 машки, 50.637 женски, 69.889 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 17.323 деца кои патуваат без родител. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија, 185.121, Авганистан, 76.653, Ирак, 34.292, Иран, 6.231, Пакистан, 5.416, Палестина, 2.158, Сомалија, 1.276, Бангладеш, 1.253, Мароко, 1.317, Конго, 514, Алжир, 453, Либан, 434, Нигерија, 279, додека останатите се во помал број.
До Секторот за азил во изминатото деноноќие не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од почнувањето на издавањето на потврдите до 07.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-
Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“
-
Украина истрела 84 дронови и 13 ракети врз руската област Ростов
-
Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот
-
Денеска се слави Свети Никола
-
Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на Тоше Проески
-
Тошковски во Турција на средба со министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдена одличната соработка меѓу братските народи
-
Во Берово и Тетово измерени - 3, во Виница и Крушево 3 степени Целзиусови
-
Зеленски во Брисел разговараше со Макрон за распоредувањето војници во Украина