Македонија
20. January 2016 - 11:32

Издадени нови 2.300 потврди за барање право на азил

Во последните 24 часа издадени се 2.300 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на странски државјани од кои 953 машки, 495 женски  и  852 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Како што соопшти МВР, според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија, 1.441,  Авганистан, 495 и Ирак, 364.  

За последниве 20 дена, пак, се издадени потврди на 35.917 странски државјани од кои 15.106 машки, 7.726 женски, 12.984 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на уште 101 дете кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија 17.922, Авганистан 11.448 и Ирак 6.544. 

До Секторот за азил изминатото деноноќие не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за намера, а од 1-ви јануари досега се поднесени пет барања на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани вкупно 10 баратели на азил од кои седум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил (еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и четири малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.