Издадени 27.000 дозволи за движење во полициски час, може да се добијат и за негување лице
Министерството за информатичко општество и администрација досега издало 27 илјади дозволи за движење во тек на воведениот полициски час поради вонредната состојба со коронакризата за различна категории претставници на институции или други категорија граѓани. Таква дозвола може да добијат и оние кои негуваат немоќно и болно лице, информира денеска ресорниот министер Дамјан Манчевски.
До МИОА, како што рече Манчевски, по електронси пат треба да се достават лични датоци за барателот на дозволата, односно име и презиме, матичен број и телефонски број, како и медицинска потврда што ја докажува медицинската состојба на лицата за кои тие се грижат. Дозволата се издава исто така електронски и секој ќе ја добие на својот мејл, рече Манчевски на прес-конференцијата, на која беше најавена донација во интернет од Телеком за децата од социјалните категории.
Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење во тек на полицискиот час за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април