Македонија
29. May 2019 - 10:29

Избувна пожар во стан во Скопје, мајка и нејзиното тригодишно дете пренесени на клиника

Во стан на улицата „Христо Смирненски“ во Скопје вчера во 09:20 часот избувнал пожар при што Д.В. (31) од Радовиш и нејзиното трогодишно дете се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад. 

Тие се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. Пожарот бил целосно изгаснат околу 10:20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.