Избувна пожар во најголемата фабрика за батерии во светот
Властите во округот Монтереј во централна Калифорнија издадоа наредби за евакуација откако избувна пожар во фабрика за батерии долж централниот брег, за која компанијата тврди дека е најголема во светот.
„Вистра енерџи“, која е сопственик на термоелектраната на природен гас „Мос Лендинг“ и соседниот објект за складирање на литиум-јонски батерии на брегот на округот Монтереј, потврди дека избувнал пожар и дека го евакуирала персоналот од локацијата.
„Причината за пожарот се уште не е утврдена, но истрагата ќе започне откако пожарот ќе се изгасне“, изјави портпаролката Џени Лион.
Шерифот на округот Монтереј претходно ги советуваше околните жители да ги затворат прозорците како мерка на претпазливост. Калифорниската автопат патрола го затвори и автопатот 1 околу централата.
Компанијата „Вистра“ со седиште во Тексас ја заврши најновата фаза на изградба на капацитет за складирање енергија во 2023 година, како дел од напорите на Калифорнија да ја зајакне електричната мрежа со чиста енергија.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни