Изборот на јавен обвинител ја зовре атмосферата пред и во албанскиот Парламент
Изборот на државниот јавен обвинител на Албанија ја зовре состојбата не само во Парламенот, туку и пред зградата на Законодавнот дом, јави дописникот на МИА.
Претестот на албанската опозиција пред Парламентот, кој почна околу 10 часот излезе од контрола, откако толпата се обиде насилно да влезе во дворот на Законоавниот дом, при што се судри со полицијата.
Веднаш реагираше полициската единца за брзи интервенци, која повторно успеа да го воспостави кордонот од полицајци, но состојбата е и натаму тензична.
Жешка атмосфера владее и во собраниската сала, каде седнцата почна со остри тонови, навреди и барања за оставка на Владата.
Во Парламенот дојде и до инцидент меѓу пратеници од опозицијата и припаднци на Нацоналната гарда, кои дошле со задача да ја смират ситуацијата.
- Ова е црн ден за демократјата. Се обидуваат да го прекршат Уставот и неуставно да изберат државен јавен обвнител, со цел да се заштитат од нивнте криминални актвности, изјави лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша пред пратениците.
Опозицијата бара решението да биде во согласност со Уставот со кој, според нив, се бара професионален јавен обвинител, а не политички.
Состојбата и натаму е тензична, а најавено е и прситигнување на повеќе илјади членови на опозицијата од градовите во внатрешноста на Албанија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари, охрабрувам да се пријават подготвените за овој процес
-
Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август
-
ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол