Изборниот штаб на Трамп поднесе жалба на пресудата на Федералниот суд на Пенсилванија за победа на Бајден
Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалба против пресудата на Федералниот суд, со која се одбива неговото барање за поништување на победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на изборите во сојузната држава Пенсилванија, пренесуваат британските медиуми.
Федералниот суд во Пенсилванија ја отфрли тужбата со која тимот на претседателската кампања на Доналд Трамп побара поништување на неколку милиони гласови добиени по пошта за претседателските избори оддржани на 3 ноември.
Британските медиуми пренесуваат дека пресудата на судијата Метју Бран е „последен во низата удари врз Трамп, во неговите неуспешни напори да ги оспори резултатите од претседателските избори во ноември, кои ги загуби од новоизбраниот демократски претседател Џо Бајден“.
Брен, наводно тужбата на тимот на Трамп ја оценил како „загегнат случај“, исполнет со „шпекулативни неосновани аргументи“.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости