Изборниот штаб на ДПА ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини
Изборниот штаб на Демократската Партија на Албанците (ДПА) ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини. Оваа партиска одлука беше донесена денес во Тетово каде се одржа редовен состанок на Централното претседателство во проширен состав со претседатели на ограноци.
– Покрај шефот Сали Ајдини, за членови на изборниот штаб се избраа Луан Треси, Билал Ибиши, Раметула Кучи, Дритон Ибиши, Мусадик Бекири и Фатмире Исаку, истакна по состанокот Исаку, која воедно има една од потпретседателските функции.
Пред почетокот на состанокот партискиот претседател Мендух Тачи на брифинг со новинарите истакна дека за предизборни коалиции се разговара само со Весел Мемеди од НДП. Според Тачи нема дијалог со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, а и не очекува поради големите разлики меѓу партиите.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче