Изборите во Велика Британија стануваат неизвесни, се топи мнозинството на Џонсон
Агенцијата YouGov предвидува дека конзервативците ќе обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели. Предноста на конзервативците е многу намалена во последните две недели и сега заради маргината од грешка во анкетата веќе не е ни сигурно дека премиерот Борис Џонсон ќе победи на изборите, а во тој случај Брегзит повторно може да биде одложен.
-Врз основа на овој модел, не можеме да ја исклучиме можноста од парламент без мнозинство, изјави директорт на YouGov за политички анализи Ентони Велс.
Џонсон ги закажа изборите токму за да ја надмине блокадата на парламентот, во кој неговата малцинска влада не успеа да го протурка законот со кој земјата ќе излезеше од Европската унија до 31 октомври, па мораше да се одложи за 31 јануари.
Агенцијата Фокалпоинт, исто така, објави резултати од анкета кои покажуваат дека мнозинството на конзервативците се намалило на 24 пратеника, што е огромен пад во однос на анкетата од минатиот месец во која ториевците имаа мнозинство од 82 мандата.
YouGov проценува дека конзервативците во 650-члениот парламент би имале 339 места, што само малку повеќе од 317-те, колку што освоија на изборите во 2017 година.
Ново на Сител
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити
-
Советот на Кочани во понеделник ќе избира в.д. градоначалник
-
Нова криза со недостиг на терапија на Онкологија – тендерските процедури биле во тек