Избори за нов состав на московската Дума
Во Москва утрово почнаа изборите за градската Дума, со право на глас на 7,3 милиони граѓани. Алексеј Венедиктов, шеф на јавниот штаб за набљудување на изборите, на својот налог за Телеграм напиша дека речиси пет проценти од гласачите гласале по електронски пат во првите 15 минути од изборите.
Експериментот за електронско гласање денеска се спроведува по првпат во Русија. Окружните изборни комисии регистрираа вкупно 233 кандидати, додека регистрацијата беше одбиена за 56 кандидати.
– Околу 20 000 припадници на Федералната национална гарда ќе го обезбедуваат законот и редот за време на изборите, рече Валериј Грибакин, портпарол на таа служба.
Предизборната кампања за изборите во Москва остана во сенка на масовни протести, насилство и апсења, откако беа одбиени кандидатурите на некои политички претставници. Полицијата грубо растури два неодобрени протести, а повеќе од 2.400 лица беа уапсени.
На третиот, одобрен протест, присуствуваа околу 60,000 жители на Москва.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен