Избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово
Во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник поради тоа што на претходните избори ја немаше потребната излезност на гласачите, додека во Тетово се одржуваат вонредни избори за советници, откако таму не беше постигнат договор за мнозинство во општинскиот Совет.
![]()
Право на глас на локалните избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово имаат вкупно 101.174 гласачи, кои ќе гласаат на 172 избирачки места, информираа од Државната изборна комисија.
Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи на 117 избирачки места. Во Маврово и Ростуше има 9.948 гласачи на 39 избирачки места, а во Центар Жупа 7.145 на 16 избирачки места.

Во Центар Жупа на овие избори има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати. За изборите за градоначалник да бидат успешни, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи. Во овие две општини гласањето се повторува поради недоволна излезност на гласачите на претходните избори. За да биде избран, кандидатот за градоначалник мора да добие мнозинство од гласовите.

Во Тетово на гласачкото ливче има 13 листи со 403 кандидати за членови на Советот на Општината поднесени од 11 партии и две групи на избирачи. Со овие избори Тетово треба да добие нов состав на Советот, откако досегашниот, избран на локалните избори во октомври 2021 година, прекина да функционира во април поради немање мнозинство. Во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет, по што беше донесена одлука за нови вонредни избори. Мандатите за советници ќе бидат распределени според бројот на добиени гласови користејќи ја Д’Хонтовата формула.
Овие избори ќе ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и една странска организација.
Вчера гласаа болните и изнемоштените и затворениците во трите општини. Според ДИК, 93 лица имаа право да гласаат во своите домови затоа што се пријавиле како болни или немоќни. Од нив, 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово. Право на глас имаа и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи и тоа во КПД Идризово – 56 гласачи, во Затвор Тетово – 23, во КПД Штип – двајца, во Затвор Струга еден и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.

На овие избори ќе се користат уредите за биометриска идентификација на гласачите и нема да се применуваат мерки за заштита од Ковид-19, како во изминатиот период.
Евентуален втор круг на изборите за градоначалници во Центар Жупа и Маврово и Ростуше би требало да се одржи за две недели, односно на 3 септември.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
-

Андоновска: Нема простор за паника, бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
