Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија на Румен Радев води со 44,5%

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија ги објави на својата веб-страница привремените резултати со обработени 68,34 проценти од протоколите од страна на секциските изборни комисии (СИК) во окружните изборни комисии (ОИК).
Податоците се од 7:00 часот наутро по бугарско време (6 по македонско), пренесе БТА.
Резултатите од изборите за пратеници во 52-от состав на парламентот, спроведени вчера, ја покажуваат следната распределба:
„Прогресивна Бугарија“ – 44,487 проценти
„Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП – ДБ) – 14,002 проценти
ГЕРБ – УДФ – 13,104 проценти
Движење за права и слободи (МРФ) – 5,386 проценти
„Преродба“ – 4,516 проценти
Според Изборниот законик, ЦИК мора да ги објави добиените гласови и распределбата на мандатите меѓу партиите и коалициите најдоцна четири дена по денот на изборите, а имињата на избраните пратеници најдоцна седум дена по денот на изборите.
Во Бугарија вчера се одржаа осмите избори за Народното собрание од 2021 година.
МИА
Ново на Сител
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
