Избори на средината на јуни, заеднички став на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Да се искористи моментот на олабавување на коронавирусот и да се оди на избори во средината на јуни, поточно на 14 јуни, е заедничкиот став на коалицијата „Можеме“ што се изгради на денешниот состанок на претседателите на партиите од коалицијата во седиштето на СДСМ, а кој ќе биде претставен на лидерската средба во вторник кај претседателот Стево Пендаровски.
-Заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата тоа е најдобро од здравствен и економски апсект. Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик. Тоа би и дало можност на држата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални инситуции, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата.
Тој нагласи дека кризата со корона вирусот остви сериозни последици на економијата и затоа, како што кажа, се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.
-Нашата држава навремено презеде мерки и добро се справува со вирусот, но не треба опуштање и затоа апелираме граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки, потенцира Заев.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
