Избор на најдобрите иновативни решенија „Младински предизвик“
Во гимназијата „Орце Николов” во Скопје денеска ќе се одржи презентација на пет иновативни решенија на тема „Како можеме да ставиме #КрајНаНасилството врз и помеѓу децата?”, како дел од глобалното движење „GenUnlimited – Младински предизвик“.
Од петте избрани тима кои претходно освија награда од по 1000 долари почетна инвестиција за развој на идејата и менторска поддршка во изминатите три месеци, ќе се одберат две идеи коишто ќе бидат поднесени во глобалниот избирачки процес.
Процесот на евалуација треба да ги утврди младите иноватори со најголем потенцијал да создадат проекти коишто ќе го трансформираат општеството, млади коишто имаат најголема страст и мотивација да учат и да се адаптираат на потешкотиите со коишто секојдневно се среќаваат.
Публиката на настанот ќе има можност индивидуално да гласа за решението во коешто верува дека има најголем потенцијал и со тоа ќе учествува во финалната оценка со 25 проценти учество, најавија од УНИЦЕФ и СмартАп – Лабораторија за социјални иновации. Со цел фер, објективна и непристрасна селекција, учесниците во публиката ќе бидат избрани по случаен избор, овозможен од интернет услугата https://www.random.org/ на која можеше да се аплицира до 15. месецов.
Глобалното движење „Младинскиот предизвик“ се одвива во 16 држави во светот. Целта е да се ослободи креативноста и идеите на младите луѓе со дизајнирање решенија со кои ќе се овозможи да се прекине насилството врз и помеѓу децата (#ENDViolence). Најдобрите или најветувачките решенија од секоја држава ќе добијат финансирање и менторство, а топ петте решенија на глобално ниво ќе добијат дополнително финансирање и специфично дизајнирана поддршка од партнерите на Generation Unlimited.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин