Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
Заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија е намален за околу 10.000 избирачи со право на глас во однос на последните избори што се одржаа во 2021.
На изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.
Вкупно 1 824 864 граѓани имаат право на глас на изминатите локални избори, кога се гласаше за нови градоначалници и членови на советите на 80 општини во земјава и градот Скопје.
Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список беа запишани 1 740 147. Во посебните извори од Избирачкиот список за лица кои се на привремена работа или престој во странство беа запишани 82 461 гласач.
Ново на Сител
-
Анкета на Ипсос/Ројтерс: Харис води пред Трамп во однос 47:42
-
„Тајмс“: САД нема да дозволат Украина да користи „АТАКМС“ во Русија
-
Харис бара уште една претседателска дебата, Трамп вели дека нема потреба
-
Северна Кореја првпат призна дека има инсталација за збогатување ураниум
-
Муцунски се сретна со нерезидентни амбасадори
-
АЦВ постапува по пријавениот настан за избегнат судир на два авиона над Скопје
-
Крадел електрични тротинети и велосипеди, уапсен крадец од Желино
-
Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз