Харис бара уште една претседателска дебата, Трамп вели дека нема потреба
Претседателската кандидатка на Демократската партија и актуелна американска потпретседателка, Камала Харис, на партиски митинг во Северна Каролина, една од американските држави клучна за исходот од ноемвриските избори, синоќа изјави дека верува дека на гласачите им должи уште една дебата.
Неколку анкети на јавното мислење покажаа дека Харис со својот настап го победи републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во првата претседателска дебата, пренесува „Гласот на Америка“.
Трамп преку својата социјална мрежа „Трут“ претходно најави дека нема да учествува на уште една претседателска дебата.
„Кога борец ќе загуби натпревар првото нешто што го бара е реванш. Анкетите јасно покажуваат дека во вторникот вечерта победив во дебатата против мојата пријателка Камала Харис – кандидатка на радикалната левица на демократите. Таа веднаш повика на нова дебата“, напиша поранешниот претседател на својата социјална мрежа, обвинувајќи ја актуелната администрација за лошата состојба во државата.
Тој посочи дека „трета дебата нема да има“.
Ново на Сител
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
-
Сончево и топло, до 30 степени
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети