Избегната најголемата авионска несреќа - Снимка која ќе ви ја заледи крвта
Авион на компанијата "Air Canada" речиси да слетал на помошната писта, на која четири патнички авиони чекале да полетаат, со што за малку ќе ја предизвикал најголемата нереќа во историјата на воздухопловството.
Инцидентот се случил минатиот петок откако летот "AC759" од Торонто за Сан Франциско добил дозвола за слетување, а пилотот по грешка го насочил авионот на помошната писта на која другите авиони чекале дозвола за полетување.
Несреќата била избегната откако во последен момент контролорот на летот сфатил што се случува и итно му наредил на пилотот да го прекине слетувањето. Во следниот обид канадскиот авион слетал без проблеми.
Поранешниот пилот на компанијата "United Airlines" и директор на компанијата "Aero Consulting", Рос Амер, изјавил дека ако се случеле работите како што тргнале, тогаш сигурно ќе се случела најголемата воздухопловна несреќа во историјата.
"Ако можете да замислите како "Airbus" се судира со четири полни патнички авиони, тогаш можете да претпоставите колку би било тоа страшно", навел тој.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност