ИВЗ ќе подели 4000 пакети храна на верниците по повод месецот Рамазан
4000 пакети со храна ИВЗ ќе подели во знак на солидарност кон оние кои немаат по повод месецот Рамазан.
ИВЗ и организацијата Хилал со помош на турска фондација ќе поделат 80 тони храна на ранливи семејства. Ова е една од активностите кои ИВЗ ги презема за време на месецот Рамазан.

Поглаварот на ИВЗ порача дека пакетите ќе бидат најпрво доставени во скопското муфтивство а потоа и во сите други низ земјава.
- Ова е месец на солидарност, кога постиме овие денови чувствуваме што значи да немаш, што значи сиромаштија, да бидеш гладен. Постот кај човекот создава чувство за човекот. Затоа ИВЗ освен разните активности за време на овој месец за да се формира убав амбиент за сите верници посебно внимание посветува на солидарноста спрема другите луѓе. Оваа вонредна состојба пиради пандемијата создаде и економски проблеми посебно е ризична состојбата на оние кои навистина немаат. ИВЗ со својата хуманитарна организација Хилал припреми проект за поделба на разна помош во соработка со фондација од Турција, 80 тони храна за разни фамилии, 4000 пакети. Апелирам верниците да продолжат со врвна дисциплина со почитување на мерките да дадеме уште поголем придонес во надминување на оваа здравствена криза, изјави Шахир Фетаху.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
-

Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
-

26.046 денари е новата минимална плата, Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС и најави протести
-

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
