Ивановски на 330 место на АТП листата, пад од 23 позиции
Новата АТП листа поради денешниот старт на УС Опен беше објавена ден порано, а на неа најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 23 позиции и сега се наоѓа на 330. место со 162 поени.
Падот се должи на тоа што оваа недела Ивановски не играше, а во истиот период лани победи на турнирот во Монастир што беше негова прва турнирска победа. Сега има 14 помалку од претходната недела.
Со ист број поени другите македонски тенисери имаа мали поместувања нагоре на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1131. место со 8 поени (скок три места), а Обрад Марковски е рангиран на 1216. место со 6 поени (скок 8 места). Овие двајца играчи од вторник ќе бидат дел од фјучрс турнирот што ќе се игра во Куршумлијска Бања во Србија, додека Калин Ивановски ќе настапи на Челинџер турнирот во Мајорка каде за противник во првото коло ќе го има Жоао Соуса од Португалија (34. год, 259. место АТП).
Ново на Сител
-
Рубио: Првите разговори меѓу Украина и Русија не беа целосно губење време
-
Претседателката Силјановска Давкова за успехот на РК Алкалоид: Така се бранат македонските бои
-
Во Лондон денеска прв самит на Велика Британија и ЕУ по Брегзит
-
Лазаров по победата во Атина: Овие момци ја направија горда нацијата
-
Прв состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Предлогот за гувернер на Народната банка денеска во Собранието
-
На Бајден му е откриен рак на простатата кој метастазирал, но кој е чувствителен на третмани
-
На претседателските избори во Полска неочекуван успех на екстремната десница