Иванов - Жбогар: Потребен е нов пристап на ЕУ кон Македонија
Европските интеграции на Република Македонија, состојбите со бегалската и мигрантската криза, како и актуелните политички случувања во државава, биле темите на разговор меѓу македонскиот претседател Ѓорге Иванов и шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Дојран.
Претседателот Иванов на средбата со амбасадорот Жбогар ја посочил потребата од нов пристап на ЕУ кон Република Македонија, истакнувајќи дека досегашниот пристап на Унијата се покажа како непродуктивен и резултираше со ретроградни политички процеси во земјата, наместо унапредување на политичката култура и на реформските процеси.
Во однос на бегалската и мигрантската криза, како што соопшти кабинетот на Иванов, соговорниците размениле мислења за најавите за нов бегалски бран и можностите за зголемување на безбедносните ризици и закани од насилен екстремизам.
Потенцирајќи ја важноста на стабилноста и безбедноста на регионот и Европа, македонскиот претседател ја реафирмирал потребата од пристап до базите на податоци на ЕУ за внес и споредба на податоци на мигранти и странски терористички борци, размена на податоци и зголемена соработка меѓу разузнавачките и другите безбедносни служби.
- И покрај внатрешната политичка криза, Македонија покажа дека има стабилни институции, проактивен и превентивен пристап во справување со мигрантската криза. Вие не можете да ги заштитите вашите надворешни граници, ако прво не ги обезбедите коридорите долж државите кои се надвор од ЕУ. На Македонија и е потребна помош за да ви помогне вам, порачал претседателот Иванов на средбата со амбасадорот Жбогар.
На средбата претседателот Иванов и амбасадорот Жбогар размениле мислења и за надворешната политика на Република Македонија во однос на соседните земји и активната улога на државава во градењето на регионалната соработка.
Ново на Сител
-
Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП
-
Определен 30 дневен притвор за Капушевски, Сулкоски и Муча, Јахоски оди во домашен притвор
-
Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик
-
Шефот на руското надворешно разузнавање телефонски разговарал со директорот на ЦИА
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“
-
Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
-
Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам