Иванов во работна посета на Полска

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Полска, по повод учеството на 27. Економски форум, што ќе се одржи во Крињица – Здруј.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, Иванов ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на Економскиот форум, на тема „Незавршена интеграција – аспирации на европските земји“, на која ќе говорат и полскиот претседател Анджеј Дуда и претседателот на Грузија, Гиорги Маргвелашвили. Главна тема на годинашниот економски форум е „Проект Европа – кој е рецептот за следната деценија?“.
За време на престојот во Полска, предвидено е претседателот Иванов да има билатерална средба со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Претседателот Иванов утре ќе се обрати на 12. Економскиот форум на млади лидери.
Економскиот форум, кој оваа година се одржува по 27. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за развој на политичката и економската соработка во Европа. На форумот ќе присуствуваат над 3.000 учесници од повеќе од шеесетина земји од Европа и светот.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
