Иванов-Солберг: Потребна е соработка во економијата и безбедноста
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во Њујорк, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, оствари средба со премиерот на Кралството Норвешка, Ерна Солберг.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, двајцата соговорници изразија подготвеност за продолжување и унапредување на соработката во сите сфери на заеднички интерес, како и за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка.
- Во наредниот период неопходно е да го зајакнеме политичкиот дијалог на сите нивоа, што треба да резултира со зголемена динамика и содржина на соработката, особено во сферата на економијата и безбедноста, истакна претседателот Иванов.
Македонскиот претседател се заблагодари за досегашната помош и поддршка на Норвешка, преку чии бројни проекти, се унапредуваат значајни сегменти и сектори во македонското општество
Премиерот Солберг упати честитки по повод 25 годишнината од независноста на нашата држава, и ја реафирмираше посветеноста на Норвешка за евроатлантската интеграцијата на земјите од Балканот, притоа истакнувајќи дека како и до сега така и во иднина нејзината земја ќе биде поддршка и ќе остварува блиска соработка со Република Македонија, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.
Претседателот Иванов и премиерот Солберг се договорија за интензивирање на соработката и поддршката на мултилатерален план.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата