-->
-->
Иванов: СЈО наместо инструмент за правда, се покажа како инструмент за уцена
-->
Денес, единствениот аболициран политичар во Република Македонија е Зоран Заев. Доколку не блефира, го охрабрувам, врз основа на законските измени да го одржи дадениот збор и да поднесе формално барање за повлекување на неговото помилување, рече претседеталот Ѓорге Иванов во денешното попладневно обраќање пред јавноста.
Според Иванов, правната држава ја нарушија оние кои поради недостаток на политичка култура и култура на дијалог и компромис, немаа доблест своите недоразбирања да ги решаваат во институциите на државата.
– Правната држава ја нарушија лидерите на СДСМ и ДУИ бидејќи уставниот поредок не им беше доволен за да се сретнеме, да седнеме и да се договориме, туку трчаа во амбасадите на странските држави. Правната држава, сувереноста и независноста ги загрозија овие двајца неодговорни политички лидери кои придонесоа да го добиеме договорот од Пржино и кои не се ни придржуваа кон тој договор, рече Иванов.
Специјалното јавно обвинителство кое се формираше ад-хок, со точно определна наменска цел, согласно договорот на политичките партии и од кое се очекуваше со својата работа да биде во функција на решавање на политичката криза, а не нејзино продлабочување, за жал, наместо да биде инструмент за правда, се покажа, нагласи, како инструмент за уцена.
– Од сите милион фајлови кои кажуваат дека ги имаат, ги одбра само оние кои се однесуваат на претставниците на власта, односно на ВМРО-ДПМНЕ. Селективниот прогон на СЈО создаде мачна атмосфера во општеството. Јас и јавно прашав по која методологија се одбрани само тие случаи. Одговорот го даде лидерот на опозицијата Заев кој изјави дека Специјалното јавно обвинителство постапува исклучиво по пријави доставени од опозицијата. Значи, наместо специјално обвинителство добивме селективно обвинителство, кое е исклучиво во функција на опозицијата, истакна претседателот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски