Иванов, Шилегов и Мицковски на божиќна литургија во Соборниот храм во Скопје
Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа литургија по повод големиот празник Рождство Христово - Божик со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г.. Стефан.
На литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
По завршувањето на литургија тие на граѓаните со православна исповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост и среќа, мир и благосостојба.
- На верниците им го честитам големиот христијански празник Божик со поздравот Христос се роди, Навистина се роди. Се што посакувам за себе и своето семејство посакувам и за сите добро здравје, радост среќа и успеси. Како што сме сплотени, единствени и соплидарни за време на празниците да бидеме такви и во текот на целата година, но најмногу од се, да си ја сакаме, почитуваме и чуваме државата Република Македонија, изјави Иванов.
Кај нив годинава паричката се паднала во домот.
- Очекувам дека во текот на оваа година и ние кои што сме избрани да работиме на подобрување на квалитетот на животот на луѓето во целост ќе ги исполниме нивните очекувања. 2018 е година во која што конечно политички ќе ја стабилизираме земјата за да може да почнеме да ги имплементираме сите овие работи за кои што зборувавме во текот на изборните кампањи, рече градоначалникот Шилегов.
Паричката од бадниковото лепче кај Шилегови се паднала кај синот.
Во семејството на премиерот Зоран Заев, кое божиќните празници ги поминува во Струмица, паричката од бадниковата погача се паднала кај Господ.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност