Иванов: Не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување воена состојба
Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија никогаш не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување вонредна или воена состојба, рече претседателот Ѓорге Иванов обраќајки се на граѓаните, со цел, како што рече, да ги разобличи сите лаги, конструкции и црни сценарија со кои бевме бомбардирани во изминатиот период.
– Од почетокот на мојата функција, одговорно ја претставувам државата и убеден сум дека само со чесен и транспарентен пристап ќе можеме да се спротивставиме на лагите за наводна вмешаност на мојот Кабинет, на АРМ и Агенцијата за разузнавање околу настаните на 27 април. Во Кабинетот на Претседателот на РМ никогаш не се разговарало ниту се размислувало за прогласување на воена или вонредна состојба. Со тоа ги отфрлам и сите шпекулации дека меѓународната заедница вршела каков било притисок врз мене да отстапам од некаков наводен план за прогласување воена или вонредна состојба, рече Иванов.
Ги повика странските претставници да излезат и да ги посочат тие кои му вршеле притисок.
– Сценариото за воена и вонредна состојба немало, освен ако во РМ не функционирал паралелен врховен командант на вооружените сили и паралален Генерал штаб на АРМ, истакна Иванов.
Вистинското прашање, според него, е кому во тие моменти му одело во прилог да го злоупотреби Кабинетот на претседателот на РМ и да креира лажна перцепција за прогласување воена или вонредна состојба.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа