Иванов не ги потпиша законите за антидискриминација и за ОТА
Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша указите за прогласување на законите за за заштита од дискриминација и за оперативно техничката агенција и електронски комуникациија, и ги врати повторно на гласање во Собранието.
Иванов, според образложението што го доставил до Собранието, указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.
-Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби, изјави денеска Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.
Освен овие закони, како што истакна Шахпаска, претседателот Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација.
Со тоа, според Шахпаска, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација.
-Како што го започна така и го завршува мандатот. Иванов е против реформскиот процес, Иванов е против концептот фер општество кое штити од секаков облик на дискриминација. И во последните денови од мандатот, Иванов останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата, вели Шахпаска.
Овие закони утре повторно треба да се најдат на собраниска седница, по што откако повторно ќе бидат усвоени ќе се објават во Службен весник.
Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики