Иванов на Меѓународниот форум „Мир и спорт“ во Монако
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе учествува на 10. Меѓународен форум „Мир и спорт“, што се одржува во Принципатот Монако, под покровителство на принцот на Монако, Алберт II.
Темата на годинешното јубилејно одржување на форумот „Мир и спорт“ е „Иновации во спортот во функција на општествена трансформација“.
На форумот во Монако, како што соопшти Кабинетот на Иванов, ќе бидат разгледани начините на кои општествените иновации употребени во спортот, можат да се искористат за справување со тековните општествени проблеми и идните предизвици. Целта е да се понудат напредни решенија кои ќе ја истакнат моќта на спортот во создавање на одржливо, инклузивно и мирно општество.
Ова е трето учество на претседателот Иванов на меѓународниот форум „Мир и спорт“. Во 2012 година во рамки на форумот одржан во Сочи, основачот и претседател на меѓународната организација „Мир и спорт“, Жоел Бузу, на македонскиот претседател Ѓорге Иванов му додели посебно признание за неговите заложби за промоција и унапредување на мирот преку спортот.
На годинешниот јубилеен форум ќе учествуваат повеќе од 500 делегати од 110 држави од светот, меѓу кои, политички лидери, претставници од бизнис елитата, од меѓународните организации и граѓанското општество, претставници на академската заедница, истакнати спортисти и добитници на Нобеловата награда за мир.
Во рамки на учеството на меѓународниот форум „Мир и спорт“ претседателот Иванов ќе оствари билатерална средба со принцот на Монако, Алберт II.
Mеѓународниот форум “Мир и спорт“ е инициран во 2007 година со цел да придонесе кон одржување и негување на мирот во светот преку спортот, односно поттикнување на соработка и размена на искуства во насока на креирање конкретни иницијативи преку кои спортот ќе биде ставен во функција на мирот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација