-->
-->
Иванов: Mестото за решавање на сите спорни прашања e во институциите на државата
-->
Ако граѓаните ни дале доверба да бидеме на одговорни фунцкии во институциите на државата, тогаш местото за решавање на сите спорни прашања, па и кризи е токму во институциите на државата, а не во странските амбасади, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во интервју за дневниот весник Дневник.
Со тоа, вели македонскиот претседател, се покажува сервилност кон странците. - Затоа кога зборуваат за тоа кој ја прекршил правната држава треба да бидат свесни за преседаните што ги прават и кои во иднина некој ќе ги користи“, вели претседателот Иванов во интервјуто за „Дневник“.
- Оваа е реална политика, а во политиката се се решава преку дијалог, а не монолог. Ова не е борба за живот и смрт како што тие сакаат да ја прикажат. Политичките кризи не се решаваат со закани, уцени и притисоци и рушење на институциите и воспоставениот правен и демократски систем. Ако не може да се води дијалог тогаш, единственото нешто што останува е да се почитуваат утврдените процедури. Тоа значи да има избори, да се излезе на нив и да се добие довербата од граѓаните. Да се спроведе тоа што си го договориле без одлагања, без уцени. Ако не можат за нешто да се договорат, нека го прифатат она што е европски стандард, критериум или европски принцип. Друг начин за решавање на криза нема, зошто ако не го почитувате Уставот и законите се доаѓа до претполитичка состојба во која се неизбежни сите видови на конфликти, вели македонскиот претседател.
Тој додава дека ние не сме единствената земја која влегува во ваква длабока политичка криза. Во демократија излезот од политичките кризи се бара преку избори, за да се добие нова и целосна легитимност, да дојдат нови луѓе на кои граѓаните им дале мандат да се справуваат со предизвиците“, вели Иванов.
Коментирајќи го предлогот за импичмент, кој не беше подржан од пратениците, претседателот Иванов вели дека расправата во Собранието не била сведена на аргументи, туку на дисквалификации, омаловажувања, навреди.
- Очигледно оваа генерација на политичари од опозицијата така ја сфаќа и така ја практикува политиката. А и сите овие изминати деновие ги слушавме и нејзините стратези, идеолози и експерти со иста таква реторика, без аргументи и без факти, само со навреди. Тоа зборува зошто толку долго СДСМ е во опозиција. На се што побараа одговор од мене им кажав во обраќањето. Наместо да користат навреди и дисквалификации, нека поднесат критика и соочување со аргументи и факти. Но што да очекувате од такви стратези, идеолози, експерти и јуришници на опозицијата? Ниту ги бидува за наука, ниту за политика. Перманентни губитници кои своите лични фрустрации, незадоволства од самите себе, ги претставуваат како општа состојба во државата. Кога нема да им се остварат плановите и сценаријата што им ги наметнуваат на опозицијата, први се откажуваат од нив и велат: „слабо дечки“, вели претседателот Иванов во интервју за „Дневник“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата