Иванов: Јас не бранам криминалци, јас ги штитам интересите на државата

Потребно ни е национално помирување, вели претседателот Ѓорге Иванов, во разговор за германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, коментирајќи ја неговата одлука за помилување од 12 април.
Иванов одговара дека, ако е потребно, уште еднаш би ја донел истата одлука. - Јас не бранам криминалци, јас ги штитам интересите на државата, вели претседателот Иванов за германскиот весник.
- Разговорот со него води длабоко во сржта на поделбата на македонското општество, која се провлекува низ семејства, пријателства и соседства, и во историјата на Македонците, под влијание на насилство и теории на заговор, чиј идентитет од соседите на север, југ и исток одново и одново се става под знак прашалник, се вели во анализата под наслов „Македонија – Сто години борба за идентитет“.
Сегашната криза, објаснува претседателот Иванов, не е ништо друго туку само едно поглавје во историја на поделби која трае веќе повеќе од сто години. - Ние сме заробеници на менталитетот на нашите политичари, време е за нови лица, дециден е Иванов.
- И како што некогаш биле набуцкувани борбите во крилата на ВМРО од соседите, така денешниот македонско-македонски конфликт бил дело на надворешни сили. Македонија сака да стане членка на ЕУ и на НАТО - ова е едно од малкуте прашања, за кои вон сите политички и етнички јазови, владее единство, анализира германскиот весник.
Истовремено, весникот посочува и на проблемот за името со Грција.
- Југославија е веќе долго време мртва, само ние сеуште ја носиме во името, вели претседателот Иванов. „Тоа е некрофилско име“, го пренесува германскиот весник ставот на македонскиот претседател.
Поради спорот за името, пренесува „Фракфуртер алгемајне цајтунг“, Грција го спречува влезот на Македонија во НАТО и отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ - иако Европската комисија секоја година веќе седум години по ред го препорачува отпочнувањето на пристапните преговори.
- Ова е вистинската причина за фрустрацијата на младата генерација, вели Иванов.
Ако прашате за можни излези од кризата, на сите страни ќе добиете два можни одговори: во подобриот случај тоа е беспомошност, како решение се гледа само поразот на спротивната страна, заклучува гермснкиот весник во својата анализа.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
