Иванов: Институциите функционираат, но одредени структури не сакаат да дозволат државата да тргне напред
Ние имаме се соочивме со мигрантска криза и сите институции функционираат и покажавме дека и во такви сложени услови сите институции се координирани и синхронизирани и спроведуваат активности, потсети претседателот Ѓорге Иванов.
-Институциите функционираат во Македонија. Државата функционира но имаме проблем со одредени субјекти кои не сакаат да дозволат државата да тргне напред, не сакаат Македонија да го оствари она што го има како своја зацртана цел. Гедате дека стоиме во место, рече Иванов.
Најпреведувана армија во историјата на НАТО е македонската армија со 12 ротации во Ирак и 24 ротации во Авганистан.
-Сето тоа што го научија еве сега го покажаа на јужната граница. Никој не веруваше дека можеме за толку кратко време да ја зачуваме државата од напливи на бегалци. Милион бегалци замислете пројдоа низ наша територија. Замислете каде ќе беше Македонија ако до сега беше во ЕУ и НАТО. Или Македонија почнеше преговори за ЕУ, рече Иванов.
Некој не дозволува Македонија тоа да го оствари, рече Иванов и додаде дека историјата и времето ќе покаже кој е тоа.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел