Иванов го прими новиот шеф на канцеларијата за врски на НАТО Бартол

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими морнаричкиот капетан Горазд Бартол, новоименуван шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, посакувајќи му добредојде во Република Македонија, Иванов изрази очекување за продолжување на непосредната соработка на Канцеларијата за врски на НАТО со Министерството за одбрана и со Генералштабот на АРМ.
На средбата Иванов изразил благодарност за досегашната соработка, како и подготвеност за натамошна потесна соработка и поддршка од канцеларијата за врски на НАТО, во доменот на одбраната и безбедноста.
- Во однос на македонските аспирации за членство во НАТО, а во пресрет на самитот во Варшава, претседателот Иванов апелираше до партнерите во алијансата да не го игнорираат меѓународното право, да не се игнорира пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти и предизвиците во нашиот регион и побара Република Македонија што поскоро да го заземе заслуженото место како земја-членка во НАТО, се наведува во соопштението.
Иванов на морнаричкиот капетан Бартол му посака успех во извршувањето на одговорната мисија.
Ново на Сител
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
-

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител
-

26-годишник со двајца другари ги нападнал својата поранешна партнерка и нејзиното момче, користеле и електрошокови
-

Лариџани му се закани на Трамп со елиминација
-

Албанец во Градска болница тврдел дека имал сообраќајка, лекарите откриле прострелна рана
